Дома Трансфер зона Погба се понудил на Јувентус после натпреварот во Лигата на шампионите?

Погба се понудил на Јувентус после натпреварот во Лигата на шампионите?

Манчестер Јунајтед и Јувентус во вторникот одиграа натпревар во Лигата на шампионите, а според италијански „Тутопсорт“ овој натпревар знаел како да го искористи Пол Погба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реномираниот италијански весник пишува дека Погба се понудил на „старата дама“ и порачал дека во 2019 година би можел да се врати во Торино.

Погба веќе подолго време се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед, најмногу се поврзуваше со Барселона, но и Јувентус беше опција.

Според „Тутоспорт“ Јувентус повторно е примамлива дестинација за Французинот кој наводно сака повторно да соработува со Алегри, но како најголема причина се наведува Кристиано

Роналдо кој дресот на Јувентус го облече ова лето.

Ќе потсетиме Погба Јувентус го напушти пред две години кога за 105 милиони евра пристигна на „Олд Трафорд“.

https://www.youtube.com/watch?v=ZUcV6LBaWs4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…