Дома Фудбал Англија Погба призна: Ливерпул е над сите останати!

Погба призна: Ливерпул е над сите останати!

Големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба со тешко срце призна дека големиот ривал Ливерпул е најдобар тим во Премиер лигата оваа сезона.

Со синоќешната победа Ливерпул го израмни рекордот на Манчестер Јунајтед од 18 победи по ред во Премиер лигата и е недостижен во борбата за титулата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Клоп има неверојатни 22 бода предност пред Манчестер Сити со само едно реми и 26 победи.

„Јас сум играч на Манчестер Јунајтед и со оглед на ривалството меѓу нашите клубови нормално е да несакам да ја освои Ливерпул титулата. Но, како професионалец и љубител на фудбалот не можам да кажам ниту еден лош збор за Ливерпул. Играат фантастично оваа сезона и ја заслужуваат оваа титула“, изјави Погба.

„Тие се многу над сите останати оваа сезона. Не загубија ниту еден меч до овој момент и се на добар пат до титулата. Ливерпул дури е подобар и од претходната сезона кога ја освои Лигата на шампиони“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…