Дома Фудбал Англија Погба постави услов за да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Погба постави услов за да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе стави потпис на нов договор, но само доколку му биде исполнет еден важен услов.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „Екип“ Французинот сака да добива поголема плата од Кристиано Роналдо и да стане најплатен фудбалер на „црвените ѓаволи“.

Откако ова лето Роналдо се врати на „Олд Трафорд“ стана најплатен фудбалер во клубот. Португалецот неделно заработува 480.000 фунти, а Погба во моментов има неделна плата од 290.000 фунти.

Договорот на Погба истекува на лето и тој веќе одби неколку понуди за продолжување на соработката. За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, но е спремен да потпише нов договор доколку Јунајтед ги задоволи неговите финансиски барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…