Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба пред извесно време јавно призна дека сака нов предизвик во кариерата, па неговата иднина е се уште не јасна.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Французинот побарал средба со менаџерот со цел лично да го замоли за трансфер во редовите на Реал Мадрид, пренсуваат медиумите на Островот.
Подготовките на „црвените ѓаволи“ почнуваат следната сезона, а Погба пред почетокот ќе има состанок со тренерот Солскјер за да му објасни дека сака да ја промени средината.
Најсилен интерес за Погба покажува Реал Мадрид, но проблем е високата цена од 150 милиони евра која ја бараат „црвените ѓаволи“.
Погба верува дека Солскјер може да му помогне и да ја олесни ситуацијата за сите страни, но генералнот директор Ед Вудворд не е заинтересиран за негова продажба и ќе се обиде да го убеди Французинот да остане на „Олд Трафорд“.