Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба јавно му се заблагодари на Жозе Мурињо, кој доби отказ од кормилото на „црвените ѓаволи“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мурињо доби отказ после серијата лоши резултати, а медиумите тврдат дека Погба со радост ја дочекал таквата вест поради лошите односи.
Сепак, Французинот џентлменски се прости со „Специјалниот“ и му се заблагодари за соработката.
„Со Мурињо на клупата, Јунајтед освои три трофеи и благодарни сме му за тоа. Но, не функционираше се како што треба. Но, тоа е минато. Сега насмевките се вратија и среќни сме што повторно победуваме и тоа на ваков начин со нов менаџер. Сакам да му се заблагодарам за тоа што ме направи подобра личност“, истакна Погба.
„Најважно е да продолжиме со овој ритам. Навистина ќе биде чудно ако по ваков меч на кој постигнавме пет гола, наредниот дуел загубиме“, заклучи Французинот.