Отказот кој го заработи Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед е главна тема во британската јавност.
„Црвените ѓаволи“ под водство на Португалецот немаа добри резултати во последно време и во Премиер лигата се наоѓаат на шестата позиција, што секако е под очекувањата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Освен резултатите и атмосферата во тимот не беше на потребното ниво, а најголеми проблеми се создаваа поради лошиот однос помеѓу Погба и Мурињо.
„Мислеше дека од мене може да направи будала, да ги свртие навивачите против мене…Но си играше со погрешен човек“, наводно зборувал Погба на тренингот после отказот на Жозе.
Наводно на неговата таква реакција реагирал досегашниот помошник на клубот Мајкл Керик кој му ставил до знаење дека никој не е над клубот и дека секој кој ќе има такво мислење ќе биде ставен трансфер листата.