Во текот на вчерашниот ден пристигна информација дека милионска понуда од Саудиска Арабија добил и Пол Погба, но Французинот својата иднина ја гледа само во Јувентус.
Француски „Л’Екип“ објави дека Погба не го интересираат парите кои би биле единствен мотив за преселба во Саудиска Арабија каде што веќе се потврдија повеќе трансфери на големи имиња од европскиот фудбал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Погба во кариерата настапуваше само за два тима – Јувентус и Манчестер Јунајтед, а сега ја одбил понудата од Ал Итихад каде што потпишаа неговите сонародници Карим Бензема и Нголо Канте.
Ал Итихад на Погба наводно му понудил договор на три години, вреден 100 милиони евра. Сепак, Погба сака да игра само во Јувентус, но и да биде конкурентен за повик во репрезентацијата за Европското првенство идната година.
Во сезоната која е зад нас Погба имаше сериозни проблеми со повредите и одигра само 161 минута.