Дома Топ вести Погба го избра наредниот клуб и го стави ПСЖ на чекање

Погба го избра наредниот клуб и го стави ПСЖ на чекање

Пол Погба на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч бидејќи му истекува договорот со „црвените ѓаволи“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот веќе одлучил каде сака да ја продолжи кариерата, а тоа е Јувентус, клубот каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

„Тутоспорт“ пишува дека ПСЖ испратил богата понуда до Погба, меѓутоа, францускиот репрезентативец ги ставил „светците“ на чекање бидејќи преферира преселба во Јувентус.

Погба од 2012 до 2016 година играше во Јувентус и сака да се врати, но тешко дека „бјанконерите“ ќе можат да ја израмнат понуда од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…