Дома Останати Тенис Повторно проблем за Надал: Нема да настапи на турнирот каде што сакаше

Повторно проблем за Надал: Нема да настапи на турнирот каде што сакаше

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал повторно се соочува со проблем кога е подготвеноста за настап на терените во прашање.

Надал планираше да настапи на турнирот во Доха, сепак, тоа нема да се случи. Преку својот Инстаграм профил Надал ја информираше јавноста дека нема да биде во можност да заигра во Доха иако тоа било негова желба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сакав да настапам во Доха, но за жал не сум подготвен. Ќе се фокусирам да се вратам во Лас Вегас и турнирот во Индијан Велс“, најави шпанскиот тенисер.

Ќе потсетиме, Надал играше на турнирот во Бризбејн кој требаше да биде како подготовка на Австралија Опен, меѓутоа се повреди и не настапи во Мелбурн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…