Дома Фудбал Повторно лоши вести за „Кралевите“: Нова повреда и ново отсуство на Бејл

Повторно лоши вести за „Кралевите“: Нова повреда и ново отсуство на Бејл

Лоши вести повторно за навивачите на Реал Мадрид, Герет Бејл никако да биде 100% подготвен. Најдобриот велшки фудбалер ќе паузира четири недели поради повреда.

Бејл не играше за Реал од 26 септември и мечот со Борусија Дортмунд и таман се понадеваа во кралскиот клуб дека можат да сметаат на него, повторно лоши вести.

Меѓутоа, на тренингот вчера, Бејл утврдена е сериозноста на повредата и дека ќе треба да отсуствува уште најмалку еден месец.

Според прогнозите за неговата рехабилитација, Бејл ќе отсуствува за дуелите против Атлетико, Апоел, Малага, Атлетик Блбао, Борусија Дортмунд и Севиља.

Сепак, би требало да биде подготвен за првиот сезонски „Ел Класико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн подготвува подобар договор за Олисе, но Французинот бара нешто што може сѐ да промени

Баерн сака да го продолжи договорот со Олисе, но еден детал може да ја промени ситуацијата…