Напаѓачот Маријано Дијаз стана новата жртва на „епидемијата“ од повреди која го нападна Реал Мадрид оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
27-годишниот напаѓач заработи мускулна повреда на мечот против Реал Сосиедад. Не е јасно колку време ќе отсуствува од терените, но сигурно ќе го пропушти дербито со Атлетико Мадрид во недела.
На „Сантиаго Бернабеу“ сепак се надеваат дека Маријано ќе биде спремен за дуелот со Аталанта во ЛШ на 16-ти март.
Во меѓувреме првиот напаѓач Карим Бензема тренира индивидуално, а Зидан се надева дека Французинот ќе биде спремен за големото градско дерби.
Колку Реал Мадрид оваа сезона има проблем со повредите најмногу зборува фактот што повредата на Маријано е 42-та од почетокот на сезоната.
Mariano medical report.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) March 4, 2021