Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку во последните неколку недели е мета на шпекулации околу можно заминување од Манчестер Јунајтед.
Лукаку во Јунајтед стигна пред две години од Евертон како големо засилување, но не ги оствари очекувањата на Олд Трафорд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веќе неколку недели се шпекулира дека ќе го напушти Јунајтед и ќе потпише за Интер, кој покажува голем интерес за белгискиот репрезентативец.
Наводно, Манчестер Јунајтед сака да го продаде Лукаку и парите да ги вложи во нови засилувања. Од друга страна, напаѓачот се уште не знае што се случува и побара од клубот да донесе конечна одлука околу неговата иднина.
„Не знам што одлучил клубот. Тие мора да донесат одлука и да ја соопштат. Нема да се занимавам со шпекулации. Играм фудбал и тоа е единствено што ме интересира. Се надевам дека клубот ќе донесе одлука што поскоро за да знам како стојат работите.“ – изјави Лукаку.
Лукаку со Јунајтед има договор уште три години, но очигледно не е во плановите на Солскјер, кој на напаѓачкото место повеќе шанса му дава на Рашфорд.