Дома Топ вести Повеќе нема дилеми, Мбапе донесе конечна одлука

Повеќе нема дилеми, Мбапе донесе конечна одлука

Килијан Мбапе донесе конечна одлука да го напушти Пари Сен Жермен на крајот од оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на 30 јуни 2024 година. Тој се уште не го продолжил, а сега и дефинитивно е познато дека на лето заминува како слободен агент.

Новинарот Абделах Булма на својот Твитер објави ексклузива за конечната одлука на Мбапе да не потпише нов договор со парижаните.

Се очекува Мбапе наскоро да ја соопшти својата конечна одлука на ПСЖ, а веќе е слободен да преговара со други клубови.

Голем фаворит за неговиот потпис останува Реал Мадрид, а некои информации тврдат дека Мбапе веќе нашол куќа во шпанската престолнина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…