Дома Фудбал Повеќе нема дилеми – Енрике заминува, нова ера во Барса!

Повеќе нема дилеми – Енрике заминува, нова ера во Барса!

Каталонците после три години добиваат нов тренер.

Луис Енрике ја напушта Барселона после завршувањето на сезоната, а клубот ќе го превземе Ернесто Валверде.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа вест беше потврдена од локални медиуми во Баскија, кои ги пренесуваат случувањата во Атлетик Билбао. Валверде пред последното коло, денес се простил со играчите и им соопштил дека наредната сезона ќе ја предводи Барселона.

Валверде ќе потпише две годишен договор, а Барса новиот тренер се очекува да го престави на 29 мај, два дена после финалето на кралскиот куп. Да потсетиме Валверде на два пати фигурираше како прв кандидат за клупата на Барса, но тогаш место пред него доби Херардо Мартино, а потоа и Луис Енрике.

Првите коментари во Каталонија се позитивни, навивачите се оптимисти и веруваат дека Валверде може да ја одведе Барселона до врвот на европскиот фудбал. Пред се тоа е така бидејќи Валверде форсира напаѓачки фудбал, но и агресивност на сите делови од теренот, што му недостасуваше на каталонскиот гигант уште од заминувањето на Пеп Гвардиола.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…