Агентот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Матеа Кежман категорично ги негараше шпекулациите дека имал средба со раководството на ПСЖ за трансфер на Србинот.
Кежман изјави дека сите шпекулации кои се појавиле ова лето поврзани со СМС се комплетна невистина и дека Сергеј сигурно останува во Лацио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наскоро Милинковиќ-Савиќ ќе потпише нов договор со клубот од Рим и ќе добие двојно поголема плата, односно 3 милиони евра по сезона.
„Цело лето има само неточни шпекулации. Сергеј ќе остане во Рим и ќе игра за Лацио“, изјави Кежман.
Се очекува Србинот да стави потпис на нов договор со Лацио пред натпреварот со Фросиноне овој викенд.
#premiumsport#Lazio – L'agente di #Milinkovic: "#Psg? Notizie false tutta l'estate". https://t.co/ZM7DQpjTlC
— PremiumSportHD (@PremiumSportHD) August 29, 2018