Денес од 13:30 часот Ливерпул го одигра натпреварот од четвртото коло во англиската Премиер лига, против тимот на Лестер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените“ на оваа средба успеаа да стигнат до победа од 1:2.
Ливерпул започна офанзивно и веќе во петата минута, Салах пропушти 100% шанса да постигне погодок. Салах не погоди, но погодокот стигна само пет минути подоцна кога прецизен беше Садио Мане.
Избраниците на Клоп продолжија со добрата игра, а нов погодок видовме во 40-та минута. Џејмс Милнер изведе корнер од десната страна, а осамен во петерецот остана Фирмино кој ја смести топката во мрежата на домаќините за предност од 0:2.
Во вториот дел Лестер започна да игра нешто подбро.
Иако Лестер играше добро, голот дојде после една катастрофална грешка на голманот Алисон Бекер, грешката на Бразилецот ја казни Чезал за конечни 1:2.