Дома Македонски спорт Мак фудбал Победа со две нови засилувања: Исаевски и Жуниор пристигнаа во Прилеп

Победа со две нови засилувања: Исаевски и Жуниор пристигнаа во Прилеп

Прилепска Победа денес го обезбеди потписот и документацијата за младиот 22 годишен офанизвец Лукас Силва Сантос Жуниор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој синоќа пристигна во Прилеп, го потпиша договорот со Победа а попладнево со своите нови соиграчи го одработи и првиот тренинг во новиот клуб. Лукас беше желба на Победа на стартот на преодниот рок, за трансферот да се реализира пред истекот на периодот за трансфери.

Откако се покажа во добро светло, одработи подготовски со српскиот прволигаш Раднички Ниш во Анталија каде и одигра неколку натпревари но не пронајде заеднички јазик околу условите, се реши да ја прифати понудата на Победа.

Прилепскиот прволигаш денес го обезбеди и 9-тото засилување во тековниот преоден рок, а тоа е 23-годишниот крилен фудбалер Александар Исаевски. Тој има потекло од тетовско, а инаку долго време живеел и кариера изградил во САД, земја чие државјанство поседува.

Исаевски настапувал за колеџ екипи со забележителен успех, односно во две сезони на околу 40 натпревари постигнал 9 голови. Во Победа доаѓа по есенските 14 натпревари за Македонија ЃП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …