Дома Македонски спорт Мак фудбал Победата против Израел и ремито против Албанија ќе им донесе на Македонија голем скок на ФИФА листата?

Победата против Израел и ремито против Албанија ќе им донесе на Македонија голем скок на ФИФА листата?

Нашата фудбалска репрезентација успеа да го победи Израел и да одигра реми против Албанија во рамките на квалификацскиот циклус за Светското првенство 2018. година кое ќе се одржи во Русија.

Освоените четири бода би можеле да им донесат на Македонија скок од дури 34 позиции на ФИФА листата. Победата во Хаифа и ремито во Струмица би можеле да им донесат 328 рејтинг-поени на нашата селекција, а тоа би значело дека нашата селекција би можела да се најде на 101. место на листата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, колку позиции ќе скокне нашата репрезентација на ФИФА листата не зависи само од нас. Имено, сето тоа зависи и од другите селекции кои играа квалификации во овој двоен термин, па се очекуваат големи падови и скокови, па затоа не може точно да се утврди колку позиции ќе скокне Македонската фудбалска репрезентација на ФИФА листата.

Вреди да се спомене дека промашените шанси против Албанија би можеле да ни донесат напредок од дури 20 позиции, односно до 80. место на листата

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…