Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ 2. коло: Шкупи по прва победа против „лавовите“, Шкендија чека на гол пет натпревари, Работнички „под рефлектори“ кај „пандевци“

ПМФЛ 2. коло: Шкупи по прва победа против „лавовите“, Шкендија чека на гол пет натпревари, Работнички „под рефлектори“ кај „пандевци“

Денес на програмата е второто коло во македонската прва фудбалска лига.

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемо внимание можеби привлекува дуелот помеѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров. Шкупи со најголеми амбиции влезе во оваа сезона со неколку одлични засилувања, но во првото коло не успеаа да ја победат Брегалница во Штип и одиграа 0:0. Во тој натпревар Брегалница на моменти беше и подобар противник и можеше да дојде и до трите бода против фаворизираниот противник. Македонија Ѓорче Петров од друга страна на домашен терен успешно стартуваше со битолски Пелистер (1:0). Единствниот гол на на тој натпревар го постигна Арби Воша.

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Шкендија веќе сметајќи ги и натпреварите во европските квалификации (два против Мура и два против Рига) веќе пет натпревари е без постигнат гол. Во првото коло со новајлијата Тиквеш одиграа без голови. Реализиацијата е сериозен проблем за тетовци, па ќе видиме дали Бруно Акраповиќ конечно пронашол решение за овој проблем. Нивниот денешен противник, Ренова од во првото коло одигра 1:1 со Скопје на домашен терне.

Во останатите натпревари од 17:00 часот се среќаваат:

ФК СКОПЈЕ – БРАГЛНИЦА

БОРЕЦ – ТИКВЕШ

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ПЕЛИСТЕР

Колото ќе биде затворено со натпреварот во вечерен термин од 20:00 часот:

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…