Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ 16. коло: Шкупи сака одмазда во дербито против Вардар

ПМФЛ 16. коло: Шкупи сака одмазда во дербито против Вардар

Денес на распоред е ново коло во македонската прва лига, сите натпревари од ова коло се играат во 13:00 часот, а најголемо внимание привлекува дербито помеѓу Шкупи и Вардар.

Домаќинот Шкупи во овој натпревар влегува после победата против Пелистер од 3:1 и се надева дека може да ја продолжи победничката серија. Во тимот од Чаир сакаат и одмазда за поразот во првиот дуел.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар и Шкупи веќе играа еднаш и во тој дуел славеа црвено-црните, единствениот гол на тој натпревар го постигна Матеј Цветановски. Шкупи сега предводен од супер расположениот Дембо Дарбо кој е прв стрелец во ПМФЛ сака три бода во овој дуел и ништо помалку. Дарбо е лидер помеѓу стрелците со 15 постигнати гола, но против Вардар се уште не победил.

Предност за Вардар може да биде што натпреварот нема да се игра во Чаир затоа што теренот се реконструира. Според формата и тимот јасно е дека е Шкупи е фаворит.

ПОСЛЕДНИ НАТПРЕВАРИ

Вардар – Шкупи 1:0

Вардар – Шкупи 0:0

Шкупи – Вардар 1:2

Шкупи – Вардар 2:2

Вардар – Шкупи 1:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…