Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Седум црвени картони на четири натпревари – Шкендија победи во Струмица, Струга остана перфектна!

ПМФЛ: Седум црвени картони на четири натпревари – Шкендија победи во Струмица, Струга остана перфектна!

Денес се играа натпревари од третото коло во македонската прва лига, а денешните четири натпревари поминаа во знакот на црвените картони – ги имаше дуир седум.

Едисвениот натпревар на кој немаше црвен картон беше оној помеѓу Академија Пандев и Шкендија кој заврши со минимална победа на тетовци (0:1). Единствениот гол на натпреварот беше постигнат на 15-тина минути до крајот на натпреварот беше дело на Шала.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сава Радиќ на 15 минути пред крајот на Струга ѝ донесе трета победа по ред, откако Зија Мерџани по 12 минути погоди за водство, а Димитар Тодоровски во 25-та израмни во мечот по кој мизеријата на бившиот првак Работнички продолжува со третиот пораз и катастрофалните 1-9 во гол-разликата.

Без победик 1:1 заврши натпреварот помеѓу Тиквеш и Брегалница. Горан Силјановски погоди за гостите од Штип, а Ениз Спахиу го изедначи резултатот.

Силекс продолжи со добрите настапи и дојде до втората победа. Кратовци беа подобри со 3:1 од Скопје, за нив ова беше втор пораз во вториот натпревар сезонава.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…