Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Реми на Шкупи во Кавадарци, Гостивар ја продолжи кризата на Брера

ПМФЛ: Реми на Шкупи во Кавадарци, Гостивар ја продолжи кризата на Брера

Денес се играа натпревари од македонската прва лига.

Шкупи во Кавадарци кај Тиквеш гостуваше со серија од три победи, но од таму се враќа само со реми. До водство домаќините стигнаа во 24. минута со голот на Спахиу, а 14 минути подоцна Арби Воша го изедначи резултатот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тиквеш во продолжение повеќе напаѓаше и имаше шанси да дојде до трите бода, но сепак не успеа да го победи фаворитот.

Брера која имаше фантастичен старт сега почна да тоне, денеска беа поразени од Гостивар со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Кехинде по 15 минути игра.

Кризата ја прекина Брегалница која славеше поритв Работнички со 2:1. Победа со истиот резултат забележа и Воска Спорт против Македонија Ѓорче Петров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Стигна потврда: Рангник и Баерн ги договараат последните детали

Баерн Минхен ги договара последните детали со новиот тренер кој ќе го наследи Томас Тухел …