Екипата на Македонија Ѓорче Петров денес со 2:1 го победи Вардар во скопското дерби.
На самиот старт уште во третата минута засилувањето на „лавовите“ Ганецот Калид. По тој гол Вардар почна да игра подобро и ја имаше топката во свој посед, а тоа резултираше со изнедначувачки гол. Една одлична акција во гол претвори Стефан Лазаревиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во самиот финиш од полувремето кога се мислеше дека на одмор ќе се замине со по еден гол на двете страни. Калид доби топка во шеснаесетникот по една лоша проценка на одбранбениот играч на Вардар и го постигна својот втор гол.
Вторите 45 минути донесоа по некоја шанса на двете страни, но резултатот не се промени.
Во вториот натпревар кој се играше денес Работнички и Струга Трим Лум ги поделија бодовите (1:1).