Дома Фудбал Платини: Не го разбирам трансферот на Роналдо во Јувентус

Платини: Не го разбирам трансферот на Роналдо во Јувентус

Поранешниот претседател на УЕФА и некогашна ѕвезда на Јувентус, Мишел Платини го коментираше трансферот на Кристиано Роналдо во редовите на италијанскиот шампион.

Во интервју за „Екип“, Платини изјави за него таквата зделка е комплетно неразбирлива.

„Не можам да го разберам тој трансфер. Мислам дека е чудно на 33 години Роналдо да го напушти Реал Мадрид, со кого освои три последователни титули во ЛШ, за да започне нова авантура“, изјави Платини.

„Мене на 32 години ме сакаа многу тимови, но јас се откажав од фудбалот, бидејќи бев уморен. Не разбрав дали Јувентус го побарал Роналдо или Жорге Мендеш му го понудил на Јуве“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…