Дома Фудбал „Плавите“ по продолженија се последните патници во полуфиналето во ФА Купот (ВИДЕО)

„Плавите“ по продолженија се последните патници во полуфиналето во ФА Купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи се последните патници во полуфиналето во рамки на најстарото натпреварување на светот – ФА Купот.

Во рамки на последниот четвртфинален дуел во ФА Купот, Челзи славеше над Лестер по продолженија со резултат 1:2.

Резултатот го отвори Мората во 42. минута во првиот дел со фантастичен погодок, по што се замина со предност на паузата.

Во второто полувреме, Варди постигна погодок за израмнување во 76. минута, по што следеа продолженијата по истекот на регуларните 90 минути.

Во продолженијата, Педро го реши прашањето за последниот патник во полуфиналето, со погодок во 105. минута од мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија ја урна Франција по 64 години – во Брисел ќе се решава за врвот

„Аѕурите“ со пресврт славеа со 3-1 на „Сан Сиро“ и го презедоа првото место. Победа над Бе…