Дома Фудбал Италија Пијатек после супер натпреварот против Наполи доби пофалби од Гатузо

Пијатек после супер натпреварот против Наполи доби пофалби од Гатузо

Тимот на Милан вчера стигна до голема победа во четвртфиналето од купот на Италија против Наполи со 2:0.

Херој на „росонерите“ на оваа средба беше новото засилување на клубот, Криштоф Пијатек.

Пијатек постигна два гола во првото полувреме, а посебно импресивен беше вториот кој самиот го изработи.

После натпреварот полскиот голгетер доби пофалби од Џенаро Гатузо.

„Им честитам на сите за борбеноста и играта против Наполи кој е силен тим. Пијатек само го изработи вториот погодок. Тој фантастичен напаѓач, треба саму да го пронајдете во шеснесетникот. Мило ми е за него, но сакам да им честитам на сите. Мораме да продолжиме со вакво темпо“, изјави Гатузо.

https://www.youtube.com/watch?v=Zmmj9_lLiEw&t=3s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mбапе кажа кои тројца во овој момент би сакал да може да ги доведе во Реал

Интервјуто кое Килијан Мбапе го даде за мадридскиот AS привлече многу внимание, а француск…