Дома Фудбал Англија Пицерија го исмејуваше Нуњез за големото промашување против Брентфорд

Пицерија го исмејуваше Нуњез за големото промашување против Брентфорд

На Дарвин Нуњез не му оди баш најдобро во Ливерпул, Уругваецот веќе редовно се истакнува во натпреварите со многу промашувања и не успева да влезе во гол серија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Очигледно е дека поседува се што треба да има еден топ напаѓач – брзина, сила, висина, добри движења…Но, му недостасува добра завршница.

Против Брентфорд вчера во натпреварот кој Ливерпул го изгуби со 3:1 имаше уште едно големо промашување.

За свој маркетинг и фаќање сеир на Нуњез ова промашување го искористи „Доминос Пица“.

„Се извинуваме доколку промашивме некоја од нарачките, ова момче само што стартуваше“, објавија од пицеријата додавајќи фотографија од Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Комо завршува големо засилување од Премиер лигата!

Комо имаше историска сезона во Серија А и обезбедија пласман во Лигата на шампионите. Како…