Дома Фудбал Италија Пирло уште на почетокот направи гаф и ги насмеа навивачите на Јувентус

Пирло уште на почетокот направи гаф и ги насмеа навивачите на Јувентус

Андреа Пирло е именуван за нов тренер на Јувентус и уште на првото обраќање направи грешка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус на изненадување на сите го именуваше Пирло за нов тренер, истиот ден кога Сари беше сменет после елиминацијата од ЛШ.

Поранешниот играч на Јувентус, но и на ривалите Интер и Милан, направи грешка уште на почетокот на својот мандат со објавата на Твитер.

„Среќен сум и горд што добив таква доверба од Јувентус. Подготвен сум за оваа фантастична прилика.“ – напиша Пирло.

Тој во објавата сакаше да го тагира Јувентус, но наместо @juventusfc напиша само @juventus. Станува збор за страница на некоја американска компанија која се занимава со здрав стил на живот кој вклучува и пластични операции.

Нормално, навивачите нема да му замерат за оваа ситна грешка. За нив е важо грешките да бидат минимални кога ќе седне на клупата на италијанскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер не завршува со Џонс како засилување, сакаат и крило на Арсенал!

Интер има за цел да остане на самото врв на Италија, но и напад на Лигата на шампионите, и…