Раководството на Јувентус започна преговори со играчот за врска на Сасуоло, Мануел Локатели, пренесува „Тутоспорт“.
Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 10 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Локатели го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.
Пирло сака засилување за средниот ред, а најголема желба е токму Локатели, кој и самиот не крие дека има голема желба да се пресели во Јувентус.
Проблем е цената, бидејќи Сасуоло во моментов го проценува својот играч на 50 милиони евра, а „старата дама“ не е спремна да понуди повеќе од 30 милиони евра.