Дома Фудбал Пирло во стручниот штаб на Јувентус ја сака и големата легенда на Милан

Пирло во стручниот штаб на Јувентус ја сака и големата легенда на Милан

После Игор Тудор во стручниот штаб Андреа Пирло би можел да го вклучи неговиот поранешен соиграч Алесандро Неста, пишува „Кориере дело Спорт“.

Пирло нема никакво тренерско искуство и сака да биде опкружен со добро познати имиња од играчките денови.

Неста го води Фросиноне и пред неколку дена не успеа да ја елиминира Спезија во финалето од плеј-офот за влез во Серија А. Претходно работеше како тренер во Мајами и Перуџа во Серија Б.

Со Неста Пирло долго играше во италијанската репрезентација, а заедно го освоија Светското првенство во 2006 година. Во Милан Пирло и Неста заедно играа дури девет години и освија две Скудета и две титули во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…