Дома Фудбал Лига на шампиони Пиоли потврди, Жиру и Дијаз спремни за Тотенхем

Пиоли потврди, Жиру и Дијаз спремни за Тотенхем

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли потврди дека Оливие Жиру и Брахим Дијаз ќе бидат спремни за утрешниот меч против Тотенхем.

Двајцата пропуштија неколку тренинзи поради лесни повредни, но отпатуваа со тимот во Лондон и ќе бидат спремни за мечот со Тотенхем во ЛШ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во Лондон пристигнавме со 24 фудбалери и сите се добро, вклучително Жиру и Дијаз. Пристигнавме со увереност, ентузијазам и самодоверба. Знаеме дека ова е важен натпревар бидејќи Милан конечно може да направи исчекор во Лигата на шампиони. Нема да биде лесно, Тотенхем дома игра многу подобро, но ќе треба да се одбраните од почетниот притисок, а имаме план за тоа“,  изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Енрике по објавата на Мбапе за заминување: Наредната сезона ќе бидеме посилни

Килијан Мбапе вчера преку видеопорака го потврди своето заминување од редовите на Пари Сен…