Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, вели дека неговите играчи и натаму се во трка да го освојат трофејот во Лига Европа и покрај поразот од Рен со 2:3 во реваншот и начинот на кој се обезбеди пласман во осминафиналето каде што „росонерите“ ќе се сретнат со Славија Прага (ТУКА).
„Одиме дома со задоволство што се пласиравме во следната фаза после тежок натпревар. На моменти изгледаше премногу лесно, но ова е Европа. Можевме подобро во првото полувреме, но Рен одигра силен меч. Дефинитивно не ни беше лесно“, изјави Пиоли за „Скај Спорт Италија“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Запрашан за шансите на Милан за пехарот во ЛЕ, еве што одговори стратегот на „росонерите“:
„Ќе се обидеме, тоа е јасно. Имаме добра серија и во Серија А и сакаме да продолжиме вака за да ги стигнеме тимовите пред нас, особено Јувентус“, истакна стратегот на гигантот од Милано.