Милан синоќа запиша убедлива победа над Салцбург (4:0) во последното коло од Лигата на шампиони и се пласираше во нокаут фазата.
„Росонерите“ после цели 9 години се враќаат во осминафиналето од Лигата на шампиони, а тренерот Стефано Пиоли истакна дека не се плашат од никого.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не е важно со кого ќе сретнеме, во секој случај ќе биде стимулативно и тешко. Ние сме шампиони на Италија и мора да го играме нашиот фудбал, обидувајќи се да одиме што подалеку. Нема потреба да се плашиме. Сега треба да се вратиме на вистинскиот пат во Серија А, да останеме колку што можеме поблиску до Наполи кој е во извонредна серија“, изјави Пиоли.
„Мора да бидеме амбициозни во Лигата на шампионите и од ништо да не се плашиме. Со кого и да се соочиме, Милан ќе биде тимот со голема самодоверба“, додаде тренерот.