Милан вчера со пресврт славеше на гостувањето кај Фросиноне (2:3) и ја продолжи серијата на добри резултати.
Милан така го задржа чекорот со водечките тимови на табелата, а тренерот Стефано Пиоли е задоволен од играта на своите избраници.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тимот верува во себе. Треба да играме многу подобро, но секогаш веруваме во себе. Мислам дека оваа година станавме многу поблиску до нивото на Интер и Јувентус. Мора да продолжиме да работиме на отстранување на малите недостатоци. Интер и Јувентус заслужено доминираат во Серија А, играат сличен фудбал“, изјави Пиоли.
Се погласни се шпекулациите дека Пиоли на крајот на сезоната ќе добие отказ на негово место ќе дојде Антонио Конте.
„Премногу сум стар за да ме мачат гласините. Клубот секогаш ја оценува мојата работа на крајот од сезоната. Како и секогаш, тој ќе донесе одлука. Повеќе од среќен сум во Милан. Се обидов да им давам на играчите нешто ново секој ден. Ако сакате да знаете што сакам, ќе кажам дека сакам да имаме добар остатокот од сезоната, а потоа ќе видиме“, истакна Пиоли