Mилан вчера по една луда пенал серија успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа.
Во пенал рулетот помеѓу Рио Аве и Милан се изведоа дури 24 пенали (12 серии) и ваква драма европскиот фудбал не памети од поодамна. Првите седум серии поминаа без грешка на фудбалерите, но потоа се влошија временските услови па на играчите им беше потешко.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рио Аве имаше дури три меч топки, но не ги искористи, на крајот Милан успеа да го казни тоа. Со вкупни 9:8 италијанскиот тим успеа да слави. Импресиите од лудилото во Португалија после натпреварот не ги криеше и тренерот на Милан, Пиоли.
„После вакво нешто тешко е да ги контролирате емоциите. Заради ова велат дека пенал рулетот е лотарија, ние како млад тим докажавме дека можеме да победиме и во тешка ситуација. Никогаш не сум видел нешто вакво, но тоа е фудбалот“, изјави Пиоли.