Голема трагедија се случи во саботата во Лестер откако во падот на хеликоптерот загина претседателот на клубот и уште четири лица – двајца негови соработници, пилотот и една патничка.
Лестер ремизираше во саботата против Вест Хем (1:1), а после натпреварот како што е вообичаено сопственикот на клубот со хеликоптерот се упати кон својот дом. Сепак, само 200 метри откако полетал од средината на теренот, се срушил на паркингот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа трагедија ја потресе англиската јавност, а посебно играчите и навивачите на Лестер. Деталите се уште не се познати, но јасно е дека дошло до технички проблем.
Новинарот на „Скај Спорт“ Ден Кокс тврди дека пилотот успеал да спречи уште поголема трагедија.
„Излегов од стадионот и го слушнав хеликоптерот кој полета од теренот. Помислив дека кога ќе ја кренам главата ќе го видам како заминува. Но, тогаш забележав дека нешто не е во ред. Видов како се врти со неверојатна брзина и пилотот сигурно успеа да спаси уште најмалку стотина животи. Пред стадионот имаше многу луѓе, но тој успеа да ја смири ротацијата и да го насочи кон паркингот каде што немаше никој. Пилотот кој загина е навистина херој заедно со полицајците кои веднаш притрчаа и се обидуваа да помогнат, но за жал не можеше ништо да се направи. Ќе загинеа сигурно многу повеќе луѓе доколку пилотот не го насочеше хеликоптерот кон паркингот“, изјави Кокс.