Дома Фудбал Пикфорд во натпреварот против Србија израмни рекорд

Пикфорд во натпреварот против Србија израмни рекорд

Репрезентацијата на Англија вчера ја победи Србија со 0:1 во натпреварот кој се играше во Гелзенкирхен, а овој натпревар посебно ќе го памети и голманот Џордан Пикфорд.

Србија имаше свои шанси на натпреварот, но Пикфорд не дозволи да биде совладан и така израмни рекорд во англиската репрезентација.

Имено, тој дојде до десет натпревари без примен гол на едно големо натпреварување со што се израмни со славниот Питер Шилтон. Пикфорд беше запрашан и од новинарите за ова достигнување, а тој остана скромен.

„Неверојатно достигнување, но не би сакал целата слава да ја земам за себе. Имам уште 10 луѓе на теренот кои ми помагаат, без нив не би можел ништо. Голема е привилегијата да ве споредуваат со Шилтон“, изјави Пикфорд.

Англија во следните два натпревари од групата ќе игра против Данска и Словачка, па така Пикфорд ќе има можност и да го надмине славниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно заедно по 23 години: Матеус на вечера со хероите на Партизан

Лотар Матеус се сретна со Саша Илиќ, Игор Дуљај и Ивица Илиев во Белград, а спомените од и…