Дома Фудбал Репрезентации Пикси објасни како Србија останала без фудбалерот на Баерн

Пикси објасни како Србија останала без фудбалерот на Баерн

Селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ Пикси зборуваше за претставниците на медиумите пред пријателските натпревари со Русија на 21 март и Кипар четири дена подоцна, а во таа прилика го коментираше и случајот со фудбалерот на Баерн Александар Павловиќ (19).

Павловиќ ја прифати поканата на Јулијан Нагелсман во сениорската селекција на Германија, па така Србија остана без шанса да го убеди да настапува за нивната репрезентација


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот е роден во Минхен и и покрај големата желба на Србија ја избра за Германија. Пикси ја објасни ситуацијата тврдејќи дека Павловиќ не го изгубиле затоа што никогаш не го ни имале.

„Сега сме во ситуација да немаме право да се лутиме, се пробавме. Ние сме во контакт со неговиот агент и родителите од декември. Бев подготвен да го поканам и сега во март, но според претходниот договор го оставивме на страна до крајот на Европското првенство. Претпоставувам дека притисокот беше голем. Не е точно дека сме го изгубиле, бидејќи никогаш не сме го имале. Ако играше во помладите категории, па си замине, тоа би значело дека ќе го изгубиме. Неговата одлука е каква што е, мора да ја почитуваме. Му посакуваме се најдобро – изјави легендарниот фудбалер.

Исто така селекторот на Србија откри дека го следеле две години, уште кога немал минути во сениорскиот фудбал.

„Неговото име ми е запишано од пред две години. Тогаш уште немаше сениорски настап. Тој ќе беше со нас на првенството, иако нема ниту минута досега. Покажа дека има квалитет за највисоко ниво, но ете, го немаме“, објасни Стојковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал потврди: Мбапе, сепак, бил повреден

Напаѓачот на Реал Мадрид Килијан Мбапе сепак доживеа повреда. Тој ја напушти играта во прв…