Репрезентацијата на Србија во јуни ќе одигра четири натпревари од Лигата на нации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На 2. јуни Норвешка ќе пристигне во Белград, три дена подоцна ќе гостува Словенија, по што ќе следуваат гостувања во Шведска и Словенија.




Селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси минатиот петок објави скратен список на фудбалери, а на него поради повреда го нема Душан Влаховиќ.




Тој не беше на последниот собир на репрезентацијата, односно откако се пресели во Јувентус, а селекторот се пошегува со оваа ситуација.




„Изгледа мораше да остане во Фиорентина за да игра за репрезентацијата (низ смеа прокоментира Пикси). Бев во контакт со лекарите од неговиот клуб, има проблем со болки во препоните. Затоа го нема на списокот“, објасни Стојковиќ.




Да потсетиме, Србија на Мундијалот се пласираше во група со Бразил, Швајцарија и Камерун.