Репрезентацијата на Србија вчера ги доби противниците за групната фаза од Мундијалот во Катар, а ждрепката сакаше како и на Светското првенство во 2017 повторно да бидат во група со Швајцарија и Бразил.
Немаа лесен ждреб Србите, покрај Швајцарија и Бразил кои се силни репрезентации тука е и Камерун.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Групната фаза ќе биде мини-турнир од три натпревари и ќе мораме да играме на највисоко ниво. Групата е тешка, но едно е сигурно – Србија не се плаши од никого. Сакавме ваков предизвик и верувам дека ќе одговориме на вистинск иначин. Мило ми е што ќе играме со Бразил, сите знаеме дека оваа земја е синоним за фудбал, па ајде да видиме до каде сме и колку можеме да им се спротиставиме“, изјави Стојковиќ.
Првиот натпревар на Мундијалот Србија го игра токму против Бразил на 24 ноември, четири дена подоцна ги чека дуел со Камерун, а за крај на групната фаза ќе се сретнат со Швајцарија.