Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Пикси: Ако се гледаат резултатите до 60-65 минута ќе бевме први во групата

Пикси: Ако се гледаат резултатите до 60-65 минута ќе бевме први во групата

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси денес одржа прес-конференција пред медиумите во која заборуваше за елиминацијата на Србија во групната фаза.

Пикси повторно ги истакна проблеми со повреди, во ноември кога бил собирот на репрезебтацијата и пријателскиот натпревар со Бахреин дури седум-осум играчи биле надвор од тимот. Сепак, додаде не било реално Србија без тие играчи да оди во Катар.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Знаев дека ќе биде тешко, но би било ненормално да не ги однесеме во Катар. Тие беа носители и придонесоа Србија да биде среќна во Лисабон (натпреварот против Португалија). Поради таа причина, јас не бев сосема свој како што и забележавте. Затоа што знаев дека во таква ситуација ќе ни биде многу тешко“.

„Да бевме здрави, сликата ќе беше поинаква. Дадовме шест гола, тоа е феноменално во оваа состојба. Замислете да бевме здрави и подготвени. Играчите го дадоа својот максимум, некои параметри го кажуваат тоа. Се гледа желбата. пожртвуваноста, сето она што требаше да го има тимот. Кога во прашање е натпреварот со Камерун тука нема дилеми, мораше да го добиеме тој натпревар и во таква ситуација.

Пикси смета дека Србија немаше да има шанси во осминафиналето, дури и да ја помине групата. групата.

„Можеби можевме да ја поминеме групата, но подоцна немаше да направиме ништо. Не би го кажал тоа јавно, но немавме сила да направиме подолг чекор од тоа. Разбирам дека некој сака да презентира дека се е црно, но јас нема да го дозволам тоа. Не е црно, не, би седел овде пред вас ако чувствувам срам и пораз. Продолжуваме со високо кренати глави.

Истакна дека Србија веројатно ќе била прва ако се гледаат резултатите до 60-65 минута, што е уште еден доказ за слабата физичка подготвеност.

„Во однос на физичката подготовка, не бевме на нивото на ова натпреварување. Ако ја погледнете играта и нашето учество по натпреварот, ако се гледаат резултатите до 60-65 минута, мислам дека ќе бевме можеби и први. За жал, се игра 90 минути и повеќе. Не бевме на ниво да одговориме, забележав нешто слично и кај други репрезентации“.

„Да речеме Белгија. Изгледаа како издувен балон во физичка смисла. Дали е можно да бидат такви на физички план? Но, тие не се мој проблем“, изјави Пикси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…