Дома Фудбал Пике создаде уште еден непријател во репрезентацијата: Јас живеам за фудбалот, а не пишувам на твитер

Пике создаде уште еден непријател во репрезентацијата: Јас живеам за фудбалот, а не пишувам на твитер

Играчот за врска на Барселона, Серхио Бускетс порача дека, иако е роден Каталонец, ќе игра уште долго за Шпанија.

На тренингот на репрезентацијата на Шпанија, Џерард Пике доживеа бројни навреди и исвиркувања од страна на навивачите, кои му замерија што јавно се залага за независноста на Каталонија, а по тоа прашање покрај него не застана ниту Серхио Бускетс. Дури, во разговор за Кадена Сер индиректно го критикуваше Пике.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Посветен сум на фудбалот, сигурно е тоа подобро отколку да пишувам на твитер. Секој од нас мора да користи здрав разум“, истакна Бускетс.

Шпанскиот репрезентативец продлжи:

„Ова ми се најтешките моменти во репрезентацијата поради се што се случува. Тешко дека ќе се реши случајот со Пике. Она што се случи на тренингот беше тешко. Не знам зошто одлучија да го отворат тренингот за навивачи“.

Се осврна Бускетс и на својата иднина во репрезентацијата.

„Јас сум еден од играчите со најдолг стаж, се надевам дека уште многу години ќе минам во националниот тим. Само да ми дозволи телото“, заклучи 29-годишниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…