Дома Фудбал Пике се предомисли, сака да се врати на терените

Пике се предомисли, сака да се врати на терените

Жерард Пике пред два месеци се збогува од фудбалот, но набрзо може да ја промени одлуката.

Пике емотивно се прости од Барселона за која одигра 615 натпревари, а шпанските медиуми пишуваат дека се предомислил и сака повторно да се врати на терените.

Пике е сопственик на шпанскиот второлигаш Андора и неговото евентуално враќање во фудбалот е поврзано со тој клуб.

Останува под знак прашалник колку, поради финансиските ограничувања и правила, е реално да се очекува негово евентуално враќање на терените.

На Андора и е дозволено да троши максимално 7 милиони евра годишно за плати, а според правилата Ла Лига дозволува двојно помала плата од досегашната, па Пике треба да добие посебна дозвола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн не брза назад во Англија: Рекордот на Ширер не е доволен мотив

Хари Кејн не ја затвора вратата за Премиер лигата, но за враќање бара совршени услови. Во …