Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике продолжува со рехабилитацијата на повредата на коленото и се очекува да се врати на терените во април.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пике нема да може да му помогне на тимот во двомечот со Пари Сент Жермен во ЛШ и признава дека ќе биде многу тешко.
„Ќе биде многу тешко против ПСЖ. Добро го познавам Нејмар. Натпреварите се играат после два месеци и можат да се случат многу работи до тогаш. Најважно е да биде спектакл за фановите“, истакна Пике.
„Јас се чуствувам добро, но треба да почекаме да видиме кога ќе се вратам на терените. Следните месеци ќе видиме колку е стабилно коленото, се надевам дека ќе се вратам што поскоро“, додаде Пике.