Дома Фудбал Пике пречекан од „крвави“ и бесни лица во Мадрид: Редарите интервенираа за спречување на хаосот (Видео)

Пике пречекан од „крвави“ и бесни лица во Мадрид: Редарите интервенираа за спречување на хаосот (Видео)

Хаос ја потресе Шпанија по референдумот за независност на Каталонија, а секако во центарот на вниманието е Џерард Пике.

Дефанзивецот на Барселона веќе неколку години наназад е најгласен кога е во прашање независноста на Каталонија, а вчера со солзи во очите најави дека постои можност да се повлече од репрезентацијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес беше закажан собир на репрезентацијата, а Пике посебно беше на удар на навивачите кои се собраа се чини поради тоа, да им испратат порака на каталонските навивачи.

По доаѓањето во фудбалскиот центар, навивачите го исвиркуваа Пике, а дополнително се ескалираше кога излегоа на прв тренинг.

Навивачите викаа: „Пике ѓубре, надвор од репрезентацијата“, додека беа забележани и транспаренти со натписот „Пике, Шпанија е твоја нација“.

Редарите мораа да реагираат, сите транспаренти беа повлечени, а навивачите беа предупредени да престанат да им скандираат негативно на репрезентативците.

Меѓутоа, од трибините, како и пред стадионот, се слушаа само навреди, а според информациите на тамошните медиуми, на удар од сите каталонски играчи бил единствено Џерард Пике.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…