Барселона сака да се ослободи од Жерард Пике и веќе му порача да си бара нов клуб.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
35-годишниот Пике повеќе не е во стартниот тим, а е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Барселона сака да се ослободи од него.




Шпанските медиуми пишуваат дека ова ќе биде последна сезона за Пике во клубот, иако има договор со Барса до летото 2024 година.




Каталонски „Спорт“ пренесува дека Пике кариерата може да ја продолжи во големиот ривал Атлетико Мадрид.




Симеоне верува дека Пике ќе биде многу корисен во неговиот тим и дека се уште може да игра на врвно ниво.