Дефанзивецот Жерер Пике откри што му зборувал на Лионел Меси во деновите кога Аргентинецот се обидуваше да си замине од Барселона како слободен агент.
Во текот на летото Меси испрати официјално барање до клубот да му биде раскинат договорот, но немаше основа за правно раскиување, па остана на „Камп Ноу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Му кажав да почека малку. Камп Ноу заслужува еден ден да го носи неговото име. Како може најдобриот фудбалер во историјата да сака да замине бидејќи смета дека раководството не го слуша? Тоа е шокантно“, истакна Пике.
„Во тој период тогаш не контактирав многу со Меси. Тоа беше многу интимен случај за него. Паметам дека му испратив една порака во која му пишав: „има само една година и ќе дојдат нови луѓе““, откри дефанзивецот.
Пике алудира на тоа дека Барселона на следните избори сигурно ќе има нов претседател.