Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике ја користи секоја можност да го „пецне“ големиот ривал Реал Мадрид.
Пике овој пат го критикуваше тимот од Мадрид за нивните претензии против судиите во финалето на кошаркарскиот Куп на Шпанија. Реал изгуби со 93:94 од Барселона, а потоа од тимот го изрази своето незадоволство од судиите, за одлуките во последните секунди од натпреварот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на клубот Флорентино Перез дури се закануваше да го повлече тимот од локалната „АЦБ“ лига.
„Тоа се случува и во фудбалот и во кошарката. Добро е што ги нема во други спортови, како ракомет и хокеј, бидејќи ќе се жалат и таму. Многу сум горд на нашиот тим, бидејќи тие беа аутсајдери и победија во Мадрид. Тие беа гладијатори против европските шампиони“, истакна Пике.
„Потоа имаше спорови околу судиите, но прво тие досудија во корист на Реал, а потоа и за Барса. Ако судиите не направија грешки, Барселона повторно ќе победеше. Се друго е само врева за да се сокрие фактот дека Барса е победник“, додаде дефанзивецот на Барселона.
Pique going in ? pic.twitter.com/DPiyvjIfn0
— B/R Football (@brfootball) February 20, 2019
Пике потоа даде коментар за синоќешниот дуел на Барселона во Лигата на шампиони против Лион (0:0).
„Имавме шанси, но навистина ни беше тешко да дадеме гол. Во целост сум задоволен од тоа како го одигравме мечот. Вистина е дека не бевме ефикасни во нападот, но тоа не ме загрижува. Имаме одлични напаѓачи и верувам дека ќе успееме да се пласираме во следната фаза“, заклучи Пике.