Жерард Пике ги изненади сите кога соопшти дека ја завршува својата кариера среде сезона, односно уште пред да почне мундијалската пауза.
Пике гостувал во подкастот на Ибаи Љанос и ги откри причините за таквата одлука.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Има многу работи за кои се размислува во текот на сезоната. Се започна за мене по средбата со Чави, кога тој ми кажа дека ќе ми биде многу тешко да се изборам за место во тимот. Сепак, го замолив да ми даде шанса, бидејќи минатата сезона беше добра. За жал, ниту моето чувство од почетокот на сезоната не беше најдобро и мислев дека репрезентативната пауза ќе биде одлична можност да донесам одлука. Секогаш велев дека ќе си заминам во моментот кога нема да се чувствувам корисно. Тоа што имавме многу повредени играчи на мојата позиција одложи се, бидејќи порано ќе се пензионирав“.
„Не играв против Елче и Ваљадолид и чувствував дека не припаѓам во овој тим, не ми беше удобно. Бев многу блиску до одлуката да влезам во соблекувалната по тие натпревари и да кажам: „Готово е!“ Не поради внатрешната болка, туку поради чувството дека повеќе не припаѓам таму. Кога решив да се повлечам се случија повредите на соиграчите и не сакав да го напуштам тимот во тој момент. Мислев дека Светското првенство е време да се одморам и да донесам одлука“, откри Пике, кој уште еднаш потврди дека во иднина сака да биде претседател на Барселона.