Дома Останати Кошарка Пешиќ нов селектор на кошаркарската репрезентација на Србија

Пешиќ нов селектор на кошаркарската репрезентација на Србија

Искусниот кошаркарски стратег Светислав Пешиќ денес и официјално е избран за нов селектор на Србија.

Кошаркарскиот сојуз на Србија пред неколку недели објави дека Игор Кокошков повеќе не е тренер на оваа селекција, а место него на клупата на „Орлите“ го врати славниот тренер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пешиќ на селекторската функција во Србија се враќа после 19 години, а во првиот мандат со оваа селекција ги освои Европското и Светското првенство. Овој 72-годишен стратег не можеше да го одбие повикот од КС Србија и одлучи да ја прифати понудата.

Последниот ангажман го имаше на тренерската клупа во Барселона која ја напушти минатата година, иако имаше најави дека ќе се пензионира сепак тоа не се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ нема конкуренција – прогласен за најдобар кошаркар во Србија

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ е прогласен за најдобар играч во Србија за 2024 …